Во пресрет дербито на 2. коло во Лигата на Шампионите помеѓу Арсенал и ПСЖ во центарот на вниманието се појави одлуката на тренерот на францускиот тим Луис Енрике во Лондон да не го поведе Усман Дембеле.
Според пишувањата на француските медиуми станува збор за кавга меѓу тренерот на францускиот репрезентативец, вест која денеска ја отфрли шпанскиот стратег.
„Нема да правам сага околку тоа. Едноставно мора да почитуваат обврските кон тимот. Сакам да го направам тоа што мислам дека е најдобро за тимот и го изоставив. Немаше никаква кавга меѓу мене и Дембеле“, откри Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА