Мајлс Луис Скели има сезона на соништата, откако на серијата одлични игри во дресот на Арсенал се надоврза со деби од соништата во дресот на англиската репрезентација.
Левиот бек во својот прв меч за сениорскиот состав на „гордиот албион“ веднаш се запиша меѓу стрелците, отворајќи го резултатот уште во првото полувреме од дуелот со Албанија.
Луис-Скели се запиша меѓу стрелците на 18 години и 176 дена, уривајќи го досегашниот рекорд на Маркус Рашфорд кој до денеска беше најмлад стрелец на деби за Англија, со гол постигнат на 18 години и 209 дена, на дуелот со Австралија одигран во мај 2016.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА