Нејмар ги заврши обврските кон Бразил на светскиот шампионат во Русија, па големиот ас сега се насочува кон ПСЖ и кроењето на клупската политика. Челниците на „светците“ му имаат дадено целосна слобода на Бразилецот, кој дава свои мислењеа и предлози и за трансферите на францускиот првак.
Така, според последните информации Нејмар побарал од претседателот Ал Келаифи да биде продаден Единсон Кавани, а на негово место да пристигне Луис Суарез. Нејмар и Кавани беа во конфликт во текот на ланската сезона и не е изненадување што Бразилецот сака голгетерот да си замине од „Паркот на принцовите“. Тој до пред една година имаше беспрекорна соработка со Саурез во Барселона, па затоа во овој Уругваец гледа далеку подобар партнер отколку во Кавани, но прашање е дали ваков трансфер би можел да се реализира.
Причина се затегнатите односи меѓу Барселона и ПСЖ, откако „светците“ пред две години не го пуштија Верати на „Камп ноу“, а згора на тоа минатото лето го „украдоа“ Нејмар од Каталонија. Барса поради тоа сега не сака ни да чуе за преговори со ПСЖ за било кој играч, па тешко е за верување дека двата клуба би можеле да се договорат. Некои желби на Нејмар, се чини се невозможи за да бидат исполнети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА