Легендарниот уругвајски фудбалер Луис Суарез и во 37-та година од животот продолжува со активната фудбалска кариера, како што се очекуваше, потпишувајќи договор со американскиот Интер Мајами.
Суарез договори соработка со Интер Мајами и во следните две години ќе игра во САД приклучувајќи се во клубот каде се некогашните негови соиграчи од Барселона, Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Уругваецот потпиша едногодишен договор со опција за продолжува на уште еднаш. Во Интер Мајами доаѓа од редовите на бразилскиот Гремио, а претходно кратко играше и за уругвајскиот Национал. Во богатата карера, покрај за Барселона, играше и за Ливерпул, Ајакс и Гронинген.
Интересно, Луис Суарез поради годините игра фудбал под постојани терапии. Како што самиот истакна неодамна, поради силни болки, на ден пред натпревар е под лекарства а на самиот ден од натпреварите прима инјекции за да може да издржи на терен. Но, ете, и покрај тоа, неговиот добар пријател Лионел Меси направи се да потпише договор со Интер Мајами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

