Луис Суарез има нов клуб

Еден од најголемите светски напаѓачи Луис Суарез, е ново засилување на Гремио, објави двократниот бразилски шампион.

35-годишниот уругвајски голгетер вчера официјално го комплетираше трансферот во бразилскиот клуб. Суарез пристигнува во Гремио како слободен агент, и потпиша договор до крајот на 2024 година.

„Еден од најголемите светски напаѓачи е најново засилување на Гремио“, објави бразилскиот клуб, кој беше првак на земјата во 1981 и 1996 година.

Се вчитува...