Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез ќе мора да го оперира десното колено на почетокот од ноември месец, тврдат шпанските медиуми. Се работи за циста во десното колено, која мора да биде отстранета во насјкоро време, а доколку опоравувањето помине без компликации, се очекува да паузира само две до три недели.
Во клубот пресметаа дека најдобро за Суарез е да оди следниот месец на операција, бидејќи ќе пропушти помалку натпревари, знаејќи дека на почетокот од месецот повторно има репрезентативна пауза. Од репрезентацијата на Уругвај не стравуваат дека ќе играат без него, бидејќи пласманот на мундијалот речиси е осигуран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА