Неполни 48 часа по елиминацијата од Ливерпул, тимот на Барселона се соочи со нов проблем откако остана без услугите на Луис Суарез до крајот на сезоната во Примера дивизион. Каталонскиот гигант преку кратко соопштение објави дека врз Суарез денеска ќе биде извршена операција на десното колено, мала процедура за да се отстранат проблемите со медијалниот менискус.
Неофицијално, не станува збор за нова поведа, туку за стар проблем, а целта е Суарез максимално подготвен да влезе во наредната натпреварувачка сезона. Тој дефинитивно ќе ги пропушти средбите до крајот на сезонава во „Ла Лига“, но во Барса се надеваат дека Суарез би можел да се врати за финалето од Купот на Шпанија против Валенсија на 25 мај.
Сепак, точната прогноза за должината на паузата се очекува во следните 48 часа да ја даде Доктор Рамон Кугат, кој ќе го изврши хируршкиот зафат врз голгетерот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА