Луис Суарез конечно ги разреши дилемите околу својата фудбалска иднина, откако уругвајскиот ас реши да се врати назад во татковината и потпиша договор со Национал, клубот во кој прославениот голгетер ја почна својата фантастична кариера.
Суарез беше слободен играч по истекот на договорот со Атлетико Мадрид, за неговите услуги се интересираа Борусија Дортмунд и Астон Вила, како и клубови во САД, но ветеранот сепак на крајот реши да се врати дома, во тимот во кој во 2005 година ги направи првите чекори во професионалниот фудбал.
„Беше невозможно да се одбие понудата повторно да го облечам дресот на Национал. Постигнавме преддоговор и очекувам во наредниот период да бидат договорени сите мали детали, по што ќе следи и официјалниот потпис на договорот. Се надевам дека ќе уживам и во оваа нова авантура“, објави Луис Суарез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА