Уругвајскиот интернационалец Луис Суарез сака по истекот на договорот со Барселона да заигра во МЛС – лигата на ДАД. Ова го открива неговиот соиграч од националниот тим, Николас Лодеиро, кој е капитен и прва ѕвезда на Сиетл Сондерс.
„Луис секогаш ме прашува за фудбалот во САД. Тој ја исполни својата желба, да заигра за Барселона, а мислам дека има уште една, да дојде и да игра во МЛС – лигата. Тоа најверојатно ќе го стори откако ќе го одработи договорот со Барселона“, изјави Николас Лодеиро.
32-годишниот Луис Суарез дојде на „Камп Ноу“ од Ливерпул во 2014 година и оттогаш на 172 натпревари во Ла лига постигна 137 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА