Искусниот уругвајски напаѓач Луис Суарез, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Аргентина, а не во Јувентус како што се шпекулираше во изминатите денови. Поранешниот играч на Ливерпул и на Барселона наводно договорил се со Ривер Плата, јавуваат шпанските и аргентинските медиуми.
Суарез веројатно овој викенд ќе замине во Буенос Аирес на финални преговори, а потоа ќе биде објавен трансферот на 35-годишниот напаѓач. Суарез сака да влезе во најдобра форма пред Мундијалот во Катар.
Тој во Ривер ќе дојде како слободен играч, со оглед дека му истече договорот со Атлетико. Суарез минатата сезона одигра 35 натпревари во Ла Лига, постигнувајќи 11 гола и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

