Еден од најдобрите напаѓачи на своето време, легендарниот уругвајски фудбалер, Луис Суарез стави крај на репрезентативната кариера. Суарез првиот натпревар во дресот на двократниот светски шампион го имаше во 2007 година, а оттогаш за Уругвај запиша 142 натпревари на кои постигна 69 гола.
Со репрезентацијата на Уругвај го освои четвртото место на СП во Јужна Африка во 2010 година, кога беше еден од главните виновници за пласманот во полуфиналето откако спречи гол во четвртфиналето против Гана во 120 минута играјќи со рака на гол линијата.
Во 2011 со репрезентацијата на Уругвај ја освои Копа Америка, а годинава стигна и до бронзениот медал на турнирот во САД.
Luis Suarez (as expected since yesterday) announces that he is retiring from international football. 😔 pic.twitter.com/fzAOFYjqMr
— Moby (@Mobyhaque1) September 3, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

