Луј ван Гал и Луис Енрике во трка за клупата на Баерн Минхен?

Германскиот првак Баерн Минхен е во потрага по нов шеф на стручниот штаб, откако раководството на клубот му даде отказ на италијанскиот стратег Карло Анчелоти. Неговиот прв асистент Вили Сањол го водеше тимот на гостувањето против Херта (2-2), но тој дефинитивно не е вистинското решение за пополнување на оваа позиција.

Тиражниот таблоид „Билд“ излезе со интересна вест, дека Холанѓанецот Луј ван Гал би можел да се врати на кормилото на Баерн Минхен. Тој беше тренер на баварскиот клуб во периодот од 2009 до 2011 година, и во првата сезона освои двојна круна (првенство и Куп), а стигна и до финалето на Лигата на шампионите (пораз од Интер, 0-2).

luis enrike i anceloti

Но, уште едно интересно име донесе германскиот „Евроспорт“, кој тврди дека Луис Енрике е исто така кандидат за клупата на баварскиот клуб. Тој е без работа откако си замина од редовите на Барселона.

Претходно, како најсериозен кандидат за нов тренер на Баерн Минхен се споменуваше екс-стратегот на Борусија Дортмунд, Томас Тухел, а опција е и Џулијан Нагелсман, тренерот на Хофенхајм.

Се вчитува...