Луј ван Гал се врати на кормилото на Холандија

Сите дилеми се отстранети, Луј ван Гал реши да ја прекине пензијата и да се врати на фудбалот, и тоа како селектор на репрезентацијата на Холандија. „Лалињата“ беа во потрага по нов кормилар по елиминацијата од Чешка на ЕВРО 2020, која резултираше со стоавка на Франк де Бур, а Ван Гал од самиот почеток беше прв избор на федерацијата за негов наследник.

Преговорите се одолговлечија поради барањата во стручниот штаб да биде вклучен Блинд, кој беше под договор со Ајакс, но на крајот и оваа пречка беше отстранета, по што Ван Гал и официјално потпиша селекторски договор. Истиот е со важност до крајот на 2022 година, односно до завршувањето на СП во Катар.

Новиот селектор го избрка буквално целиот стручен штаб на Де Бур, покрај Блинд за свои асистенти ги доведе Хук и Фрејзер. Патот до СП нема да биде нималку лесен ако се знае дека „лалињата“ веќе претрпеа еден пораз во квалификациите, од селекцијата на Турција, а веќе на дебито во септември го очекува незгодно гостување во Норвешка.

Се вчитува...