Манчестер Јунајтед успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона откако во директен дуел го совлада Лестер со 0-2 во последното коло од тековниот шампионат во Премиер – лигата. Сега тимот на Оле Гунар Солскјер го очекуваат обврски во второто по ранг европско натпреварување, Лигата на УЕФА. Таму дефинитивно нема да го има на располагање левиот бек Лук Шо, кој има повреда на скочниот зглоб. Според лекарските проценки, тој ќе ја пропушти целата сесија во Лигата на УЕФА и ќе се врати на теренот на почетокот на следната сезона.
Манчестер Јунајтед на 5 август на „Олд Трафорд“ треба да го пречека австрискиот ЛАСК во реванш мечот од осминафиналето во ова натпреварување. По првиот меч во Австрија, „црвените ѓаволи“ имаат огромна предност од пет гола (0-5).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА