Лук Шо: Не е виновен Мурињо за поразите, туку ние фудбалерите

Манчестер јунајтед се наоѓа во длабока криза на стартот од сезоната во Премиер – лигата, а на удар е менаџерот Жозе Мурињо. Но, дел од фудбалерите застанаа во негова одбрана, истакнувајќи дека токму тие се виновни за слабите игри и за поразите.

„Ако ја сакате вистината, против Вест хем одигравме ужасно. Не делувавме како тим. И индивидуално бевме очајни. Жалиме што на навивачите им приредуваме такви стресни моменти. Но, мораме да бидеме и самокритични. Ние фудбалерите сме највиновни за оваа ситуација. Ние играме на теренот, а не менаџерот. Тој ќе го одбере составот, но потоа 11 фудбалери играат. Едноставно немаме оправдување“, изјави Лук Шо.

 

Се вчитува...