Лука Божиновски ќе биде единствениот македонски претставник на утрешниот велеслалом на Светското алпско скијачко првенство во Оре. Тој доби можност да се појави во главното натпреварување како избран од нашиот национален тим преку правото на репрезентациите да делегираат по еден скијач.
Инаку ниту еден од македонските скијачи не обезбеди место во главната трка преку денешните квалификации. Лука Божиновски имаше најдобар пласман, беше 44. со заостанување од 7.76 секунди зад најдобриот во квалификациската сесија. Дардан Дехари заврши на 66. позација, додека Виктор Петров беше 85. меѓу 108 натпреварувачи. Антонио Ристевски не успеа да ја заврши првата трка и остана без пласман.
Божиновски утре на велеслаломот ќе биде со стартен број 83. Првата трка е во 14.15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА