Натпреварот на сезоната го одигра Лука Дончиќ во победата на неговите Лејкерси против Чикаго од 129-118, покажувајќи дека претходната одлична игра против Далас не беше случајност.
Дончиќ не беше вознемирен од студот што владее во овој град, и на крајот го заврши натпреварот со извонредни 46 поени, 11 асистенции и седум скока.
Првото полувреме од овој натпревар им припадна на Лејкерси, а резултатот беше 69-56. Во овој период од натпреварот, Леброн Џејмс беше многу добар на теренот, на почетокот од дуелот постигнувајќи ги најголемиот број поени за својот тим.
Пред паузата, Лејкерси имаа предност од 20 поени, но домашните успеаја да ја намалат на тринаесет поени и да одат на пауза со таа разлика.
Второто полувреме беше тотална доминација на Лука Дончиќ, кој постигна дури 20 поени во третата четвртина. Брилијантниот Словенец погоди дури осум тројки од 14 обиди, а беше расположен и да им помогне на своите соиграчи.
Токму Дончиќ на крајот не му дозволи на Чикаго да направи пресврт, и ја задржа предноста на својот тим.
На крајот, феноменалниот Словенец го заврши натпреварот со 46 поени, седум скока и 11 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

