Лука Дончиќ ги „издрибла“ новинарите во Словенија (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ по турболентната сезона во НБА лигата која ја започна со Далас по што заврши во редовите на ЛА Лејкерс и доживеа елиминација во првата рунда од разигрувањето за титула се врати назад во Словенија каде се очекува да му се стави на располагање на селекторот Секулиќ за престојниот Евробаскет.

Дончиќ денеска слета на аеродромот близу Љубљана каде го чекаа новинари и мал број на фанови со кои немаше средба. НБА ѕвездата замина од аеродромот од посебен излез избегнувајќи во вниманието на јавноста.

Како изгледаше тоа може да видите на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...