Словенското „чудо од дете“, Лука Дончиќ повторно блесна на паркетот, овој пат во „балканскиот дуел“ против Никола Јокиќ и Денвер каде во победата по продолженија на својот тим постигна 38 поени, 13 асистенции, а само еден скок го делеше од трипл-дабл учинок.
По натпреварот Словнецот од страна на Шекил О’Нил беше запрашан кои се неговите идоли, дали Американци или Европејци, а 21 годишниот играч наброи еден од најдобрите играчи на денешницата, но и неколку поранешни соиграчи со кои рамо до рамо водеше битки на „стариот континент“.
„По неколку од секаде. Очигледно го гледав Леброн, но имав и одлични соиграчи во Шпанија како Серхио Љуљ, Руди Фернандез, Фелипе Рејес. Тие се моите големи шпански соиграчи од кои научив многу. Покрај нив тука е и Спанулис. Не знам дали го знаете него, игра за Олимпијакос“ – додаде Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

