Лука Дончиќ го немаше на интонирањето на химната: „Затоа што морав во тоалет, ако и тоа ве интересира…“

Словенија славеше против Израел на крајот од групната фаза на Евробаскетот 2025, во меч во кој повторно блескаше Лука Дончиќ.

Но, новинарите забележале дека при интонирањето на химните, Лука Дончиќ го немаше на паркетот. Шпекулациите за тоа започнаа на социјалните мрежи, видео од 11 словенечки репрезентативци како ја пеат националната химна стана вирално, а никој не беше сигурен што точно се случи.

Одговорот на прашањето што ги заинтересира кошаркарските фанови низ цела Европа го даде самиот Дончиќ, на крајот од натпреварот.

„Затоа што морав итно да направам нешто во тоалетот. Ако и тоа ве интересира, тогаш не знам…., можам и подетално да ви раскажам ако сакате. Па, сигурно не би го пропуштил интонирањето на националната химна, но морав итно да одам. Што да ви кажам. Не можев да чекам до полувреме“, им изјави Лука Дончиќ на словенечките медиуми по натпреварот.

Се добива впечаток дека прашањето било малку навредливо за Лука, лутејќи се затоа што претпоставиле дека не ја почитува националната химна на својата земја.

Се вчитува...