Црвена Звезда ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Цедевита Олимпија и забележа победа од 70-84 во последниот натпреар од регуларниот дел од сезоната во АБА. Српскиот состав го наметна своето темпо од самиот старт на натпреварот, одолеа на камбекот на Словенците во втората четвртина и без проблем ја задржа двоцифрената предност во текот на второто полувреме.
А, на натпреварот во Љубљана имаше и специјален гостин. Истиот во живо го проследи Лука Дончиќ кој откако не успеа да се пласира во плеј-офот на НБА лигата во својот Далас одмара во татковината.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА