Кошаркарската репрезентација на Словенија го израмни својот најдобар резултат на Светските првенства, откако со победата над Италија заврши на седмото место на Мундобаскетот во Филипини, Јапонија и Индонезија.
По завршувањето на турнирот се појави информацијата дека Лука Дончиќ не бил најздрав на натпреварите во Окинава и Манила. Повторно имале проблеми со повредата на бутот, но сепак тој го играше секој меч, а во двата најмалку важни беше на паркетот над 37 минути.
Лука Дончиќ за прв пат во текот на летото ги загрижи љубителите на кошарката во Грција. На подготвителниот меч во Атина против домашната екипа, второто полувреме го преседе на клупата за резерви.
Повредата што го мачеше во тој момент не беше целосно санирана, а Лука не ни размисллуваше да го прескокне Светското првенство или да пропушти некој од натпреварите.
Познато е колку Лука сака да игра за репрезентацијата, а се чини дека ниту повредите ниту притисокот од НБА не му можат ништо кога е во прашање одлуката за тоа дали ќе ги брани боите на својата земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

