Лука Дончиќ им одговори на Србите и ја поддржа Словенија

Репрезентациите на Србија и Словенија денеска од 15 часот ќе се сретнат во 2.коло од групата Ц на Европското првенство.

Дуелот меѓу двете репрезентации почна уште утрово, но на еден пријателски и коректен начин што е реткост кога се во прашање селекции од Балканот.

Поддржувачите на двете репрезентации утрово заедно навиваа низ улиците на Минхен, а дел од навивачите на Србија пееја „Лука Дончиќ“ е наш.

Самиот Дончиќ се јави со видео порака пред мечот со Србија и им посака среќа и успех на Словенците на ова Европско првенство.

Се вчитува...