Лука Дончиќ ја презема „круната“ од Леброн во Лејкерс

Потегот кој беше направен без знаење на Леброн Џејмс го промовираше Лука Дончиќ во нов предводник на Лос Анџелес Лејкерс.

Како што пишува „ESPN“, словенечкиот кошаркар прв дознал дека семејството Бас сака да го продаде поголемиот дел од акциите од клубот, а купувач да биде Марк Волтер.

Тоа му беше кажано во ноќен клуб по поразот од Минесота во плеј-офот, а Леброн Џејмс го дозна тоа дури месец и половина подоцна, од медиумите, како и сите други.

По тој повод, генералниот директор Роб Пелинка и тренерот Џеј Џеј Редик му порачаа на Дончиќ дека го гледаат како централна фигура на новиот проект, и дека се ќе се гради околу него.

Сега сето ова става многу прашалници за иднината на Леброн Џејмс. Имено, пред неколку недели се појави информација, за која зборуваше и самиот агент на кошаркарот, дека тој ќе го продолжи договорот со езерџиите, но во моментов се чини дека двете страни се далеку од тоа.

Се вчитува...