Кошаркарските аналитичари во САД прогнозираат дека кошаркарот на Реал Мадрид, Лука Дончиќ, би можел прв пик на драфтот во НБА во 2018 година. Анализите велат дека следната ’класа’ не е така квалитетна, а Дончиќ откокнува со својот квалитет во Евролигата, иако тукушто прослави полнолетство. Секако, се ќе зависи од тоа кој клуб ќе има право прв да избере.
Доколку Дончиќ ја имаа таа чест да биде избран како прв пик на следниот НБА драфт, ќе биде втор Европеец по Андреа Барњани во 2006 година, а четврти кошаркар кој не е Американец, по Кинезот Јао Минг и Австралијанецот Ендрју Богут. Оваа сезона Словенецот се изгради во еден од носителите на играта на „кралскиот клуб“, а негова главна карактеристика е да ја преземе одговорноста во решавачките мигови од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА