Лука Дончиќ му „дише во врат“ на Мајкл Џордан

Лука Дончиќ беше најзаслужен за убедливата победа на Далас во Орландо, откако младиот Словенец стигна до нов трипл-дабл, реализирајќи 20 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

За Дончиќ ова беше втор трипл-дабл сезонава, вкупно 27. во кариерата, со што асот на Далас го мина Елџин Бејлор и се искачи на 17. место на листата со најмногу вакви остварувања. Следен пред Лука на оваа ранг-листа е неповторливиот Мајкл Џордан, кој во својата кариера имаше 28 трипл-дабл натпревари.

Неверојатни бројки за Дончиќ, кој ја почна само третата сезона во својата НБА-кариера.

Се вчитува...