Лука Дончиќ не трпи судиски неправди (ВИДЕО)

Далас со синоќешната победа над Сан Антонио од 115-104, ја продолжи својата победничка низа на четири победи едно по друго, а во главната улога повторно беше Лука Дончиќ. Словенското „џудо од дете“, стигна до нов трипл-дабл учинок, овој пат од 22 поени, 12 скока и 12 асистенции со кој беше еден од предводниците на тексашкиот состав.

На мечот словенскиот интернационалец заработи и техничка грешка по судиската неправда, кога при резултат 40-36 за неговиот тим, Дончиќ постигна преубав кош, но истиот беше поништен поради прекршок во напад. На кошаркарот не му се допадна одлуката, а имаше и што да каже на судиите.

Се вчитува...