Лука Дончиќ:  Немам ништо против ако ме споредуваат со Леброн

Словенечкото кошаркарско „чудо“, Лука Дончиќ, ќе биде сигурен избор во Топ 3 на годинашниот НБА-драфт. Во интервјуто за „Yahoo sports“, Дончиќ изјави дека со нетрпение чека да дојде времето кога ќе заигра во НБА. Моментно, 19-годишниот Словенец со Реал Мадрид ја игра финалната серија во шпанската АЦБ лига, во која Реал води со 2-1 против Басконија и само една победа ги дели од уште една титула. Претходно, Дончиќ со Реал Мадрид ја освои титулата во Евролигата и беше прогласен за МВП на завршниот турнир.

Словенецот со своите настапи го привлече вниманието на многу НБА тимови, а Феникс, Сакраменто и Атланта дури ипсратија и своин претставници да ги гледаат во живо неговите настапи во Шпанија.

„Со нетрпение очекувам да заминам во САД. Ако забијам преку Леброн, мирно можам да се откажам. Се шегувам, се разбира. Претпочитам да играм на бековската позиција, топката да ми е во раце и да создавам можности за другите. Силата што ја имам пред сите други е во тоа што можам да играм на четири позиции – од 1 до 4. На терен излегувам со мислата да ги направам соиграчите подобри. Се би направил за својот тим. Среќен сум кога играм како плејмејкер, така се е полесно. Можам да создавам можности за другите“ – вели Лука Дончиќ.

Пред големиот предизвик што го очекува во НБА лигата, словенечкиот кошаркар истакнува дека омилен играч му е Леброн Џејмс и на шега вели дека не му пречи ако го споредуваат со неговиот идол.

Леброн ми е омилен играч. Неверојатен е. Може да игра на сите позиции, дури и како центар. Немам ништо против ако ме споредуваат со него“ – вели Дончиќ.

НБА драфтот ќе се одржи на 22 јуни во Њујорк.

Се вчитува...