Лука Дончиќ откри каде ќе ја заврши кариерата

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ зборуваше за можно враќање во Европа еден ден. Дончиќ порасна во Реал Мадрид, а беше член на првиот тим на овој клуб од 2015 до 2018 година пред да замине во Далас.

„За да играш за Реал Мадрид, мора да бидеш многу добар“ – вели Дончиќ.

„Секако!“ – додаде Дончиќ кога го прашаа дали е во искушение да се врати во Мадрид на крајот од кариерата:„Тие ме пораснаа“.

Со Реал, Дончиќ беше шампион на Евролигата во 2018 година, а потоа беше и МВП на регуларниот дел од натпреварувањето, како и на Фајнал Фор. Истата година, тој беше најдобар играч на шпанската АЦБ лига, а во три наврати го освои и трофејот на тоа првенство.

Се вчитува...