Лука Дончиќ и оваа сезона е апсолутен лидер на Далас Маверикс. На крилја на словенечкиот кошаркар тимот од Тексас е блиску до обезбедување на место во големото НБА финале за прв пат по сезоната 2010/11 со оглед на тоа што има водство од 3-0 во серијата против Минесота.
Лука царува на теренот, а за бројките кои ги постигнува нема конкуренција. Имено, во досегашниот дел од кариерата Словенецот забележа 43 настапи во плеј-офот запишувајќи зад своето име вкупно 1336 поени, 400 скокови и 355 асистнеции.
Никој во историјата на НБА лигата нема постигнато повеќе поени, скокови и асистенции од него на толкав број одиграни натпревари, а за да ја добие истата потребно е да се намалат параметрите на 1100 или повеќе поени, 300 скокови и 300 асистенции. Во тој случај листата на кошаркари со ваков учиник би ја сочинувале Лука Дончиќ, Леброн Џејмс и Оскар Робертсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

