Лука Дончиќ се налути – Словенија го демолираше Нов Зеланд и за малку ќе ја „прескокнеше“ Хрватска

Словенија убедливо со 104-78 славеше против Нов Зеланд во квалификациската група за пласман на ЛОИ 2024, со што продолжува во плеј-оф дуелите во битката за место во Париз.

Словенците имаа шанса да завршат првопласирани и пред Хрватска во групата, но за тоа им беше неопходна победа од 29 поени разлика. Но успеаја да дојдат само до +26 поени победа над Нов Зеланд, за второ место во групата.

Лука Дончиќ имаше 36 поени, 11 скока и 10 асистенции и беше апсолутен херој во својот тим, а 20 поени и 12 скока имаше Џош Нибо. Кај Нов Зеланд, се издвои Шеј Ли со 28 поени.

Се вчитува...