Лука Дончиќ веднаш по елиминацијата на ЛА Лејкерс се врати назад во Словенија, се појави на трибините на неколку кошаркарски натпревари во татковината, но големиот ас реши да ги промени навиките во однос на претходните години.
Имено, извори блиски до Дончиќ откриваат дека Лука се наоѓа на строга диета, со која планира да ја спушти телесната тежина под 100 килограми, нешто што до неодамна се чинеше невозможно. Официјалната тежина според информациите на веб-страницата на НБА изнесуваше 104 километри, но многумина се сомневаа во оваа бројка, особено ако се знае дека Дончиќ делуваше значително здебелено за време на рехабилитацијата од повредата, пред да биде трејдуван од Далас во ЛА Лејкерс.
Неофицијално, неговата максимална тежина минатата сезона изнесувала 122 килограми, но Словенецот напорно работи тоа да не му се повтори. Тој ги има земено крај себе најдобрите тренери за физичка подготовка во татковината, но и почнал со специјална диета, за да стигне до посакуваната цел – двоцифрен број на килограми пред да се врати назад во САД.
Причината не е наивна – станува збор за вкупна сума од 230 милиони долари што управвата на ЛА лејкерс му ја ветила како максимален договор доколку докаже професионализам на теренот, но и надвор од него. Животниот стил на Дончиќ неофицијално беше причината за неговото заминување од Далас, а „езерџиите“ ќе настојуваат тој да докаже дека е подготвен да се жртвува за да стане лидер на овој тим од сезоната 2026/27, кога се очекува Леброн Џејмс и дефинитивно да замине во пензија.
Затоа, Лука е решен да ги замолкне „хејтерите“, сезонава да ја одигра со тежина од под 100 килограми, а потоа и да потпише богат договор со тимот од Ел-Еј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

