Објавата дека во САД ќе биде стартувана професионална лига во ракомет предизвика бура од реакции во американската јавност, откако поранешниот НФЛ-квотербек Џеј Катлер изјави дека очекува САД да состави шампионски тим за злато на Олимписките Игри.
Неговото непознавање оди дотаму што тврди дека на спортистите од другите земји им недостига сила во раката и брзина при шутот, па продолжува дека тим составен од кошаркарот Леброн Џејмс и Патрик Махомес без проблеми би го победил секој ривал.
Сепак, во одбрана на ракометниот спорт застана Лука Дончиќ, младиот Словенец кој на почетоците од спортската кариера краток време тренирал ракомет.
„Нема шанса. Вие луѓе не знаете колку е тешко да се игра ракомет“, напиша Дончиќ на својот твитер-профил, одговарајќи на коментарите дека ракомет играат оние кои не успеале да направат кариери во фудбал и во кошарка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

