Лука Дончиќ гласно застана во одбрана на Серхио Љуљ по бројните критики и навреди од навивачите што пристигнаа по очајното издание на шпанскиот ас во полуфиналето од фајналфор турнирот против ЦСКА Москва. Љуљ беше посочен како главен виновник за поразот на „кралскиот клуб“, но Дончиќ дефинитивно не сака кога луѓето го навредуваат играчот од кого тој многу научи во периодот минат во дресот на Реал.
„Гледам дека многу луѓе го критикуваат Љуљ… тој даде се за овој клуб, работеше како животно за да се врати и да помогне. Потсетете се што се има донесено во Мадрид. Тој треба да биде пример за секој играч што се занимава со овој прекрасен спорт. Серхио, те сакам и ние те сакаме“ – напиша Дончиќ на својот твитер-профил.
Veo a mucha gente criticar a LLULL …. el que ha dado todo por este club ha trabajdo como un animal para volver !!!! recordar todo lo que ha traido al Madrid!! el debia ser el ejemplo de cada jugador que juega a este bonito deporte!! sergi te quiero y te queremos❤
— Luka Doncic (@luka7doncic) May 17, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА