Лука Дончиќ ја заврши НБА-сезоната со разочарувачката елиминација на ЛА Лејкерс во првата рунда од плејофот, по што словенечката суперѕвезда веднаш се врати назад во татковината.
Дончиќ сепак не зема одмор од кошарка, па вечерва се појави сала, како гледач на големото финале на АБА2 лигата меѓу Илирија и Босна.

Секако, една од причините за присуството на Лука е што неговиот татко Саша Дончиќ е еден од водечките луѓе во Илирија, тим што е најпријатно изненадување во АБА2 сезонава, со големи шанси да обезбеди директен влез во елитното друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

