Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ имаше одлична втора сезона во НБА лигата. Првпат настапи на „Ол стар“ викендот, а е дел и од МВП трката. Тренерот на Далас Маверикс, Рик Карлајл, вели дека Лука ќе ја промени кошарката и ќе биде како Мајкл Џордан, Лари Бирд и Меџик Џонсон, НБА-суперѕвезди кои се запишани како едни од најголемите асови во историјата на кошарката.
„Очекувам многу од Лука. Тој е како Џордан, Бирд, Меџик… Дончиќ ќе ја промени кошарката“, изјави Карлајл.
Дончиќ урна неколку рекорди во својата прва плеј-оф серија во кариерата. И покрај одличната партија која што ја прикажа тој и „маверикс“ загубија во серијата против Лос Анџелес Клиперс со 4-2, а најмногу поради отсуството на Кристапс Порзингис во клучните натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

