Лука Јовиќ доаѓа на позајмица во Интер?

Српскиот интернационалец Лука Јовиќ би можел да остане на „Сантијаго Бернабеу“ многу кусо откако ова лето пристигна од Ајнтрахт Франкфурт за сума од 60 милиони евра. Како што информираат шпанските медиуми, тој не го импресионирал тренерот Зинедин Зидан кој размислува дури и веднаш да го испрати на позајмица.

Во игра е Интер како најзаинтересиран да го доведе Лука Јовиќ на едногодишна позајмица.

„Нероаѕурите“ се надеваат дека ќе успеат да го продадат Мауро Икарди до крајот на летниот преоден рок, а Јовиќ би бил одлично решение како партнер во нападот за Ромелу Лукаку.

Се вчитува...