Лука Јовиќ, српскиот напаѓач, според последните информации, е на излезна врата во Милано. Не е позната неговата следна дестинација, но една од можните земји во кои би можел да се пресели е Мексико.
Клубот од таа земја Круз Азул е еден од заинтересираните за Србинот ова лето. Милан има опција да ја продолжи соработката со Јовиќ на уште една година. Веројатно тоа нема да се случи, а се ќе зависи од новиот тренер Масимилијано Алегри.
Сепак, би можело на крај да се случи Милан да го продолжи договорот со Јовиќ на уште три години, но да го прати на позајмица во мексиканскиот клуб.
Србинот има четири голови во 17 одиграни натпревари во штотуку завршената сезона во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

