Тренерот на Фиорентина, Винченцо Италијано одговори за играта на Лука Јовиќ. Србинот се најде на критики на јавноста после двете последни „бледи“ партии во дресот на „виолетовите“, па мораше да коментира и Италијано.
Јовиќ во Фиорентина стигна како големо засилување од Реал Мадрид, а на четирите официјални натпревари има само еден постигнат гол.
„Јовиќ треба да се реактивира во сите фудбалски сегменти, од физичка кондиција до менталитет. Мора да сфати дека не игра повеќе во тим со играчи од светска класа, туку во Фиорентина, а тоа значи дека мора да се жртвува“, рече Италијано кој додаде дека на тренинзите, Србинот покажува светска класа, но мора да го покаже и на натпреварите.
„Мораме да ја зголемиме неговата самодоверба, да му дадеме шанса да постигне гол, затоа што му е потребно тоа. Уверен сум дека ќе гледаме убави работи од Јовиќ“, заклучи тренерот на Фиорентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА