Лука Јовиќ на крајот ќе остане во Милан

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ ќе остане во Милан до крајот на сезоната, пренесува италијански „Тутоспорт.“

Јовиќ разговарал со тренерот на Милан, Серџо Консеисао, кој е задоволен од работата на српскиот фудбалер и му ветил шанса во преостанатиот дел од сезоната.

Јовиќ ги одби понудите од Монако и Монца, бидејќи реши да остане на „Сан сиро“ до крајот на сезоната. Тој има договор со Милан до 30. јуни годинава.

Јовиќ е член на Милан од септември 2023 година, а претходно играше за Фиорентина, Ајнтрахт, Реал Мадрид, Бенфика и Црвена звезда.

Се вчитува...