Српскиот интернационалец Лука Јовиќ, постигна четири гола на својот прв натпревар во дресот на Фиорентина. Денеска „виолетовите“ го совладаа составот на Реал Виченца со 7-0.
Србинот сите голови ги постигна во вториот дел, а серијата ја отвори во 56. минута кога од пенал погоди. Потоа од 68 до 84. минута постигна уште три гола.
Останаттите три гола ги постигнаа Иконе, Пиероци и Гонзалез.
Србинот беше земен од Реал Мадрид и тоа со перманентен договор, откако не успеа да се избори за минутажа во „кралскиот клуб“. Уште на првиот меч Јовиќ покажа дека ќе биде големо засилување за Фиорентина во следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА