Француската ракометна репрезентација останува без уште една легенда откако Лука Карабатиќ денеска објави дека става крај на кариерата во националниот тим.
Откако 36-годишниот ракометар даде значаен придонес за освоената бронза на СП 2025, постигнувајќи го голот за победа во четвртфиналето со Египет, Карабатиќ денеска објави дека повеќе нема да ги брани боите на „триколорите“. Тој дебитираше во репрезентативниот дрес во 2011 година и освоеи се што можеше да се освои со националниот тим, па на 36-годишна возраст реши да им го отстапи своето место на помладите.
„Денеска со многу емоции објавувам дека ја завршувам мојата авантура во француската репрезентација. Беше чест и привилегаија да се носи дресот со сино-бела-црвена боја, со кој ги исполнив своите соништа. Имав среќа да играм со извонредни ракометари, да формирам силни пријателства и да бидам дел од неверојатни човечки приказни што ќе ги чувам во себе уште повеќе од медалите и титулите“, изјави Лука Карабатиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

