Лука Карабатиќ: „Не знаевме што не снајде…“

Французите не знаеја што ги снајде во преполната „Арена“ во Загреб во синоќешното полуфинале на Светското ракометно првенство 2025. Хрватите целосно доминираа во првото полувреме, за само 20 минути стекнувајќи се со неверојатни +9 гола разлика, по што веќе беше јасно кој ќе игра финале на Мундијалот.

Лука Карабатиќ признава дека неговата селекција не знаела да се справи со хрватскиот налет во првото полувреме.

„Се беше решено уште во првото полувреме во кое бевме многу лоши. Направивме технички грешки, Хрватите се одлепија и со тоа дозволивме да се создаде пеколна атмосфера во арената. А, кога тоа ќе се случи, знаеме колку е тешко да се игра тука. Едноставно, во тоа прво полувреме не знаевме што не снајде“ – истакна по синоќешниот дуел Карабатиќ.

Се вчитува...