Најдобриот хрватски фудбалер на сите времиња Лука Модриќ одлучил да го продолжи договорот со Реал Мадрид, објави мадридски „Ас“. Модриќ имаше средба со претставниците на клубот и ги договори условите за неговиот престој.
Тој изјави дека сака да ја заврши кариерата во Мадрид и раководството на чело со Флорентино Перез го прифатило тоа, иако често било практика на „кралскиот клуб“ да ги „отфрла“ своите легенди, како Серхио Рамос.
Модриќ следниот септември ќе наполни 39 години, а во Реал сезонава одигра 43 натпревари, но „само“ 22 како стартер. Тој е во Мадрид од 2012 година и оттогаш освои се што може да се освои, вклучително и пет Лига на шампиони, а е на прагот на шестата, откако Реал на 1. јуни на „Вембли“ во финалето ќе игра со Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

