Италијански Интер е сериозно заинтересиран за доведување во своите редови на хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ, кој го заврши договорот со Реал Мадрид на крајот од актуелнава сезона.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, преговорите меѓу двете страни веќе почнале а Интер планира понуда со едногодишен договор за Модриќ, верувајќи дека искуството и квалитетот на Модриќ би можеле да бидат пресудни во битката за трофите следната сезона.
Модриќ, пак, од друга страна има неопходност од ваков трансфер како би останал во добра форма пред Светското првенство што ќе се одржи следната година. Серија А е секако и добро место за означување на крај на кариерата на еден од најдобрите фудбалери во 21. век.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

