Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ обвинет е од шпанскиот јавен обвинител за затајување данок од 870.728 евра во 2013 и 2014 година. Во даночната афера вмешана е и сопругата на хрватскиот репрезентативец, Вања Модриќ.
Ден пред да биде покренато обвинето против Модриќ, во судот во Мадрид се појави уште фудбалер на Реал Мадид обвинет за даночен прекршок. Марсело се терети за даночно затајување од 490.917 евра.
Модриќ е последен во низата фудбалери кои се најдоа на удар на шпанските власти заради финансиските малверзации.
Минатата година, Лионеле Меси и неговиот татко беа прогласени за виновни по три обвиненија, а на распит кај шпанските надлежни органи беа и Кристијано Роналдо, Марсело, Рикардо Карваљо, Анхел ди Марија, Маскерано и Фабио Коентаро. Под истрага беше и Жозе Мурињо за периодот во кој го предводеше Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА