Лука Модриќ има само една желба…

Лука Модриќ наскоро ќе наполни 40 години, но хрватскиот ветеран се уште не е подготвен да ги закачи копачките на клин – доколку Реал Мадрид му понуди нов договор.

Лука минатото лето одби супер-богата понуда за преселба во Саудиска Арабија, јасно ставајќи до знаење дека негова единствена желба е да остане во Реал Мадрид. Флорентино Перез му ја исполни желбата со нов едногодишен договор, но сега ситуацијата е идентична како и лани, Модриќ смета дека може да продолжи да игра уште една година, но само во дресот на Реал Мадрид.

„Лука Модриќ сака да игра уште една година во Реал. Тој многу сакал да остане во клубот и би потпишал веднаш нов договор на уште една сезона“, пишува Фабрицио Романо повикувајќи се на извори блиски до хрватскиот фудбалски генијалец.

Ако тоа му се исполни, Модриќ би настапил за Хрватска на СП 2026, со што и официјално би му кажал збогум на фудбалот.

Сепак, барем засега тој нема добиено понуда за продолжување на соработката со „кралскиот клуб“, Флорентино Перез се уште нема повлечено конкретен потег, но се очекува тоа да се случи до крајот на оваа сезона. Ако претседателот на Реал реши Модриќ да не добие нов договор, тоа ќе биде објавено пред крајот на сезоната, за Хрватот да добие збогување од клубот и од „Сантијаго Бернабеу“ какво што заслужува.

Се вчитува...