Масимилијано Алегри никогаш не бил тренер кој им се додворува на играчите. Со него нема отстапки, нема „лесни денови“ и нема привилегии, без оглед на името, статусот или цената на пазарот. Алегри остана тренер по стара монета: строг и бескомпромисен, што често не им одговара на играчите.
Италијанецот никогаш не криел дека дисциплината му е поважна од талентот.
„Подобро е да имаш просечен играч кој слуша, отколку врвен играч кој мисли дека е над тимот“, е пораката што се провлекува низ целата негова кариера.
И впечатокот е дека Алегри ги освои своите трофеи токму со тоа што имаше „воини“ во тимот и со тоа што се однесуваше кон своите фудбалери како кон војници. Лука Модриќ е таков во текот на целата своја кариера, но не многу други се такви.
Она што можеби не му одговара на Модриќ, сепак, се токму потезите што понекогаш ги прави тврдоглавиот Алегри. Па сега одлучи дека Лука Модриќ ќе биде на клупата за вечервашното дерби со Наполи во Суперкупот на Италија.
Лука отсекогаш бил за играње, бидејќи објективно гледано, секогаш треба да игра со оглед на неговите квалитети, но и неговата физичка подготвеност, која е на завидно ниво со години, дури и сега на 40-годишна возраст. И покрај фактот дека Милан нема напорен распоред, бидејќи не игра во Европа, Лука сепак ќе мора да направи неочекувана пауза во натпреварот за трофејот.
Масимилијано Алегри одлучи да направи неколку промени во составот за вечервашниот натпревар, а една од нив се однесува на Модриќ.
Најновите информации велат дека Алегри направил две измени. На десното крило, тренерот на „росонерите“ одлучи да го одмори Давиде Бартесаги, што значи дека Первис Еступинан ќе се врати во почетниот состав. Во средниот ред, Лука Модриќ ќе започне на клупата, правејќи место за младиот Ардон Јашари. Хрватот нема физички проблеми, но тоа е исклучиво одлука на Алегри.
Модриќ би сакал да биде стартер вечерва, тој секогаш ужива во играњето, особено во дерби натпреварите и големите натпревари, но Алегри верува дека искусниот играч од средниот ред во моментов има потреба од одмор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

