Поразот од Пари Сен Жермен (0-4) во полуфиналето на Светското клупско првенство беше последен меч за Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид.
Ќе останат запаметени неговите славни 13 години во „кралскиот клуб“ и бројните трофеи што ги освои во тој период. Сепак, последниот меч заврши со дебакл, што го збесна Модриќ, што беше откриено само два дена по самиот меч.
Како што објави „Дон Балон“, Модриќ како капитен го кренал гласот на двете ѕвезди на тимот и на збогувањето уште еднаш покажа за каков лидер се работи.
Тој се судри со Винисиус Жуниор и Џуд Белингем, на кои им замери поради нивната ангажираност на натпреварот против ПСЖ.
Модриќ наводно рекол дека не се труделе доволно и дека играле без желба за победа, а од теренот „исчезнале“ кога било најважно.
Тој особено ги критикуваше за напорите во одбраната, по што двете големи ѕвезди се побуниле па дошло до мал конфликт меѓу поранешните соиграчи.
Како што е познато, Модриќ по тој меч замина во Милано каде најверојатно ќе ја одигра последната сезона во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

