Кога Лука Модриќ го продолжи договорот со Реал Мадрид за сезоната 2024/25 мноугмина мислеа дека тоа ќе биде последниот голем договор на Хрватот со светски клуб во кариерата, но можеби тоа и да не е случајот.
Како што пренесува доброупатената „Марка“, Лука Модриќ и Реал Мадрид преговараат за продолжување на договрот на уште една сезона со цел да се исполни желбата на легендата на клубот. А, истата е настап со Хрватска на Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Модриќ сака да биде во врвна форма за последниот голем турнир со Хрватска, а Реал Мадрид е подготвен да му ја исполни желбата за верноста која ја пружи на клубот уште од 2012 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА